Втората африканска земја каде што половина од министерските позиции им припаднаа на жени

Втората африканска земја каде што половина од министерските позиции им припаднаа на жени

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во владата на премиерот на Етиопија, Аби Ахмед, половина од министерските места им припаднаа на жени, вклучително и позицијата министер за одбрана.

Образложувајќи ја одлуката за именување на новите министри, Аби пред парламентот истакна дека жените се помалку корумпирани од мажите и дека ќе помогнат да се воспостави мир и стабилност.

Така, Етиопија стана втората африканска земја, по Руанда (каде што жените сочинуваат 43 отсто од владиниот кабинет и 61 отсто од членовите на парламентот), во која има еднаков број на жени и мажи на министерски позиции.

Аиша Мохамед е првата жена на позицијата министер за одбрана на Етиопија
Фото: Danas

Освен именувањето на жените за министерки, премиерот на Етиопија исто така го намали и бројот на министерски позиции од 28 на 20.

Ова е само една од реформите што тој ги спроведе откако стана премиер во април годинава.