За македонските „џинови“, примената на 3Д-модели во здравството, добитничката на „Инженерски прстен“ од УКЛО... Што пишувавме неделава

За македонските „џинови“, примената на 3Д-модели во здравството, добитничката на „Инженерски прстен“ од УКЛО... Што пишувавме неделава

330 км за помалку од 150 часа: тројца Македонци се вброија во „џиновите“ по завршувањето на трката на Алпите

Научив дека силата е во мирот што можам да го најдам среде хаос. Страданието и болката престануваат да бидат непријатели кога ќе ги прифатиш како дел од тебе – токму тогаш се отвора патот кон вистинскиот мир. И можеби најважно, сфатив дека без луѓето покрај нас, секој успех е само половина, вели Радмила


Најпрво беше избрана за талент на УКЛО, па за најдобар студент на Техничкиот факултет во Битола, моменти кои ќе останат меѓу најзначајните во нејзиното студирање. Катерина Стојкоска вели дека тогаш почувствувала дека трудот и посветеноста навистина се препознаени и наградени. Годинава следуваше и признанието „Инженерски прстен“, со што таа се вброи меѓу 14 најдобри студенти на инженерските факултети на државните универзитети во Македонија.

„Предничиме во светот по примена на ЗД-модели во здравството“, вели д-р Стефан Арсенков, кој ги користи при посложени и ретки операции

Со примената на 3Д-моделите во здравството се доближуваме до најразвиените земји во светот, вели доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој веќе три години ја користи техниката на 3Д-печатење за изработка на модели за предоперативна подготовка на сложени операции, со што се намалуваат компликациите, а моделира и импланти како персонализирани решенија за сложени случаи.