„Легнатите полицајци“ го уништуваат автомобилот, но постои начин да го ублажите тоа

„Легнатите полицајци“ го уништуваат автомобилот, но постои начин да го ублажите тоа

Упорното преминување преку „легнатите полицајци“ со преголема брзина значи изложување на автомобилот на непотребни удари кои го забрзуваат трошењето на веќе оптоварените делови.

„Легнатите полицајци“ не се направени за да ги уништуваат автомобилите, но начинот на кој се преминува преку нив може да им го скрати животниот век. Автомобилот е конструиран да поднесува дупки, нерамнини и промени на висината на коловозот, но секој таков удар ги оптоварува гумите, пружините, амортизерите... Ако преку високиот „легнат полицаец“ редовно се преминува пребрзо, последиците можат да се соберат во многу конкретна сметка за сервис.

Најголемиот проблем не е самата испакнатина, туку брзината. При бавно преминување, тркалото релативно мирно се качува преку препреката и суспензијата има време да ја апсорбира промената. При голема брзина, тркалото удира во „легнатиот полицаец“ речиси како во рабник, а силата што се пренесува низ суспензијата нагло расте. Тогаш страдаат амортизерите, носачите и зглобовите, а ударот се пренесува и на каросеријата.

Пружините често се споменуваат како прва жртва на легнатите полицајци. Сепак, самата испакнатина најчесто не е единствениот виновник кога пружината ќе пукне. Челичните пружини имаат заштитен слој кој со текот на времето може да се оштети од каменчиња, нечистотија или триење во лежиштето. Потоа започнува корозија која постепено го ослабува металот. Силен удар преку легнатиот полицаец може да биде само последниот настан.

Слично важи и за амортизерите. Еден силен удар веројатно нема веднаш да ги уништи, но честото удирање преку легнатите полицајци со голема брзина го зголемува оптоварувањето на клиповите и носачите. Со текот на времето можат да дојде до истекување на масло, послаби амортизери или тропање од суспензијата.

Уште поосетливи се ниските автомобили. Ако има мало растојание од земјата до возилото, преку високиот легнат полицаец можат да удрат заштитата на моторот, издувниот систем, праговите или долните делови од браникот.

Извор: autostar
Фото: magnific