Се бара кандидат што ќе изгледа 25 божиќни филма во 25 дена

Се бара кандидат што ќе изгледа 25 божиќни филма во 25 дена

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некој среќник што живее во САД ќе биде платен да гледа 25 божиќни филма за 25 дена. Хонорарната работа ја нуди веб-страницата за оценување производи „Ривјус“.

Ќе биде избран еден кандидат што ќе ги гледа филмовите по сопствен избор. Веб-страницата ќе му додели едногодишна претплата на секоја од дигиталните платформи за филмови и серии, вклучувајќи ги и „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни +“ итн.

По гледањето на филмовите треба да се пополни кратка анкета за филмот. На крајот се добива надомест од 2.500 долари, како и бесплатната претплата за платформите.

Може да се пријавуваат лица што имаат најмалку 18 години и имаат работна дозвола во САД. Од сите кандидати се бара да опишат зошто заслужуваат да ја добијат работата.

Пријавувањето трае до 4 декември. Официјалната веб-страница може да ја најдете овде.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Насловна фотографија: Pixabay