Страната на која спиете игра улога во зајакнувањето на мозокот

Страната на која спиете игра улога во зајакнувањето на мозокот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќето луѓе имаат одредена положба на спиење. Според британскиот невронаучник Тари Сварт, еден начин на спиење сепак е подобар од другите. Според нејзините тврдења, постои голема поврзаност помеѓу положбата на спиењето и здравјето на мозокот.

Според Тари, главните фактори за добар сон се редовното спиење, магнезиум и малку ароматерапија. Меѓутоа, еден трик се издвојува, а тоа е спиење настрана. Според неа, спиењето настрана има голема улога во чистењето на мозокот од токсини во текот на ноќта.

Освен тоа, некои истражувања покажале дека спиењето на десна страна најдобро придонесува на овој процес на чистење. Според истражување од 2020, за мозокот е најдобро да се спие на десна страна бидејќи поттикнува поголемо чистење на мозочните токсини. Истражувањето заклучило и дека спиењето на десна страна може да биде корисно во спречувањето на појава на невродегенеративни болести како Алцхајмеровата болест.

Според авторката на истражувањето, Мајкен Недергард, спиењето настрана веќе е најпопуларна положба на спиење кај луѓето и повеќето животни, што може да покажува дека сме се приспособиле за да ги имаме најголемите поволности од спиењето.

Извор: Novosti
Насловна фотографија: Pixabay