Откажана трилер-серија за ФБИ-агентка стана глобален хит на „Нетфликс“ осум години по премиерата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Осум години по премиерата и четири години по откажувањето, серијата „Отсутна“ (англ. „Absentia“) стана глобален хит на „Нетфликс“. Серијата го следи животот на Емили Бајрн (Стана Катиќ), ФБИ-агентка која исчезнува и се смета за мртва додека бара сериски убиец. Сепак, шест години подоцна е пронајдена жива, без никакви сеќавања за тоа што се случило, пред нејзиниот живот повторно да биде прекинат.
Првите три сезони од серијата се достапни ма „Нетфликс“, давајќи им на гледачите можност да ја следат целата приказна. Секоја сезона има по десет епизоди, а повеќето траат помеѓу 40 и 45 минути.
По објавувањето на првите две сезони на Еј-екс-ен, третата сезона беше ексклузивно на „Прајм видеос“. Иако серијата не продолжи по третата сезона, актерката Стана Катиќ појасни дека тоа беше предвидено како крај.
- Иако размислувавме за продолжување на приказната, серијата секогаш беше наменета да има само три сезони и не можев да замислам подобар крај - изјави таа во една пригода.
Покрај Катиќ, во кастингот се наоѓаат Патрик Хајзингер како Ник Дуранд, сопруг на Емили и агент на ФБИ; Кара Теоболд како Алис Дуранд, која се омажила за Ник додека Емили се сметала за мртва; и Енџел Бонани како детективот Томи Гибс, кој истражува дали Емили е убиец.
Доколку интересот за гледање продолжи, серијата има потенцијал да остане меѓу најгледаните на платформата.
Извор:
Screenrant.com
Фото: Screenshot/YouTube