Чудната танцувачка чума од 1518 година кога стотици луѓе во Франција со месеци не можеле да престанат да танцуваат

Чудната танцувачка чума од 1518 година кога стотици луѓе во Франција со месеци не можеле да престанат да танцуваат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ако сметате дека не сте жртва на модата, можеби треба да погледнете уште еднаш. Да, можеме да се натераме себеси да се спротивставиме на трендовите преку силата на навиката. Можеме да се држиме до нашите преференци и да застанеме зад принципите што ги имаме. Но, не сме свесни за тоа што се случува во скриените патеки на нашиот мозок. Можеби она што го нарекуваме несвесно има повеќе контрола врз нас отколку што би сакале да мислиме.

Нејасните епизоди на масовна опсесија и присила служат како вознемирувачки примери. Има тенденција да се појават масовна паника и заблуди, вели авторот Џон Волер, кај луѓе кои се под есктремно психолошко страдање и кои веруваат во можноста за духовно наследство. Сите овие услови можеле да се најдат во Старзбур во 1518 година, годината кога танцувачката чума се појавила во градот Алзас - фестивал на ненамерни комунални танци со смртоносни резултати.

Настанот започнал со една личност - жената позната како Фрау Трофеа. Еден ден, таа започнала да танцува на улица, а луѓето излегле од своите куќи и се смееле и аплаудирале. Но, таа не запрела. Таа продолжила да танцува, без одмор, наутро, напладне и навечер цели шест дена. Тогаш, ѝ се придружиле и нејзините соседи. Во период од еден месец, 400 луѓе танцувале без музика или песна.

2

Сигурно очекувате дека лидерите на овој град во средновековниот период би прогласиле масовно опседнување, после што би следел егзорцизам или палење на вештерки. Но, наместо тоа, луѓето сметале дека станува збор за природен феномен. Врз основа на хуморалната теорија, локалните лекари за овој настан ја обвиниле „жешката крв“. Тие сметале дека на тој начин луѓето се ослободувале од треската. Била поставена сцена и биле повикани професионални танчери. Градот ангажирал и бенд за да обезбеди музика во позадина.

Наскоро, крвави и исцрпени, луѓето започнале да умираат од мозочни и срцеви удари. Танцувањето траело со месеци. Танцот не бил каприц или мода. Никој не уживал во него. Напротив, денешните научници сметаат дека луѓето кои танцувале не сакале да танцуваат, а кога можеле, ја искажувале нивната мизерија и потреба за помош. Ова е контрадикторно на предлозите дека тие биле членови на култ и дава уште потемна слика за цел настан.

Дел од објаснувањата на научниците вклучуваат ерготизам или труење од психотропна мувла која расте на стебленцата од 'рж. Сепак, авторот Џон Валер вели дека ерготот обично го намалува снабдувањето на крв во екстремитетите што го отежнува координираното движење.

Тој сугерира дека танцувачката манија настанала преку два претходни услови: сиромашните во градот страдале од сериозен глад и болести, а многу луѓе во регионот верувале дека можат да имаат добро здравје преку танцување пред статуата на Св.Витус. Исто така, тие сметале дека Св.Витус имал моќ да ги обземе нивните умови и да им предизвика ужасен, компулсивен танц. Мистеријата не може целосно да се реши, но се чини дека она што Волер го нарекува „огнен супернатурализам“ одиграло клучна улога.

Гледаме масовна паника и заблуди низ светот, од причини што се ретко јасни за научниците, психијатрите, историчарите, антрополозите и лекарите. Она што е медицински познато како Св.Витус танц или ревматска треска и се јавува кај специфичен дел од населението. Но, овој танц ги зафатил луѓето неселективно и се чини дека е феномен на масовна сугестија, како и многу други социјално-психолошки настани низ целиот свет.

Епизодите на епидемски мании поврзани со застарените натприродни верувања може да изгледаат особено бизарни, но масовната психологија на западната култура од 21 век вклучува многу епизоди на социјална зараза и принуда во време на екстремен стрес.