Славче Таневски кој го создаде новиот „мерцедес CLA“, во развиените земји децата научуваат во школо, а не дома. Што истражувавме во изминатата недела

Славче Таневски кој го создаде новиот „мерцедес CLA“, во развиените земји децата научуваат во школо, а не дома. Што истражувавме во изминатата недела

Подготвил: В.И.И.

Дваесет и петгодишниот битолчанец Александар Здравковски, кој магистрирал Економија и бизнис на „Еразмус Универзитетот“ во Ротердам, моментално работи во Амстердам, во глобалниот финансиски оддел на мултинационалниот гигант „Данон“ (Danone) и менаџира портфолио од трошоци за производство во вредност од повеќе од една милијарда евра


Врвниот светски дизјанер Славче Таневски кој го создаде новиот „мерцедес CLA“,25 годишен гениј од Битола во Амстердам менаџира една милијарда евра за мултинационалниот гигант „Данон“, интервју со Маја Рауник–Кирков, продекан на Педагошки факултет која зборува за суштински проблеми во нашето образование. Ова се темите кои Факултети.мк ги истражуваше изминатат недела.

Александар Здравковки

Дваесет и петгодишниот битолчанец Александар Здравковски, кој магистрирал Економија и бизнис на „Еразмус Универзитетот“ во Ротердам, моментално работи во Амстердам, во глобалниот финансиски оддел на мултинационалниот гигант „Данон“ (Danone) и менаџира портфолио од трошоци за производство во вредност од повеќе од една милијарда евра. Универзитетот во Ротердам каде што магистрирал, според Шангајската ранг-листа, е помеѓу петте најдобри универзитети во светот за бизнис-администрација и во топ-10 универзитети во Европа за економија. Toj сега работи во Амстердам, во француската мултинационална корпорација „Данон“, која е најголемата компанија во светот што произведува свежи млечни производи со приходи од 24,7 милијарди евра во 2017 година и има вработено повеќе од сто илјади луѓе низ целиот свет.


Проф. д-р Маја Рауник-Кирков

Проф. Маја Рауник–Кирков, продекан на Педагошки факултет истражувала дека нашите факултети на нивните веб-страници никаде не прикажуваат каде се применуваат научните сознанија. Таа смета дека мора да се создаде систем, модул, платформа и тие знаења да се систематизираат на едно место.
- Ние не ги знаеме бенефитите од нашата научна работа. Ни треба место каде што ќе можеме да поставуваме интерактивни содржини. Зошто да немаме комуникација помеѓу различни катедри? – прашува Рауник–Кирков.


Славче Таневски

Со Славче Таневски разговаравме за неговото искуство додека го дизајнирал третиот автомобил за светскиот гигант „Мерцедес“. Овојпат работел самостојно, без директна супервизија од претпоставените.
- Освен техничка поткованост, треба да бидете и инспирирани за таа креативна енергија да излезе од вас - вели македонскиот дизајнер, кој приватно вози GLC Coupe, кое исто така сам го дизајнира.

Фото: Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид

Охридскиот Завод и музеј по многу години има нова археолошка и етнолошка поставка. Повеќе од 700 антиквитети првпат се изложени пред јавноста во новата археолошка поставка што минатиот месец беше отворена во Музејот „Куќа на Робевци“ во Охрид. Бронзената скулптура на крилестиот Дедал, накитот од културата Комани-Круе кај Св. Еразмо, пајонските бронзи кои ги „изненадија“ археолозите што го истражуваа Плаошник... Ова се само дел од антиквитетите што излегоа од почвата во Охридско за време на археолошките истражувања во последните речиси две децении. Со археолошката беше отворена и обновената етнолошка поставка во Музејот.


Рачните изработки на Маја Кузманоска

Ова е приказната за наставничката од Скопје го одушевува светот со своите хеклани изработки. Маја Кузманоска 18 години предава англиски јазик во ОУ „Вера Циривири-Трена“ во Скопје. Таа е една од првите блогерки во Македонија, а успехот и добриот одѕив на The Little Treasures ja мотивирале да создаде и свој бренд, кој постои речиси девет години. Инспирирана од традицијата и од детските сеќавања на вештите жени покрај кои растела, таа речиси десет години создава уметност.


Јана Анѓелкоска

Таа е тинејџерка и матира на шаховската табла. Јана Анѓелкоска од Охрид има 15 години, да игра шах научила од татко ѝ, ужива во брзите партии, но и во победите. За тоа како се поврзани шахот и животот, иако е многу млада, го цитира поранешниот светски шампион Михаил Таљ: „Животот е партија шах во милион потези“.
- Дали чувствувам задоволство додека играм? Тоа доаѓа со победата – вели Јана.