Австралиските пожарникари спасиле редок вид бор што ги надживеал и диносаурусите

Австралиските пожарникари спасиле редок вид бор што ги надживеал и диносаурусите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Австралиските пожарникари ја спасија последната група на борови од праисторијата во близина на Сиднеј.
Пожарникарите од хеликоптер се спуштија помеѓу 200 бора волеми во оддалечената клисура во Сините Планини, една недела пред пожарот да стигне до тој дел од земјата, изјави Дејвид Круст, директор на Националните паркови и услуги за заштита на дивите животни.

Пожарникарите поставиле систем за наводнување за дрвјата, таканаречени диносауруси, за да бидат влажни кога ќе се приближи огнот. Авионите за гаснење пожари стратешки го запреле пожарот и го забавиле неговото напредување.

- Борот волеми е особено важен вид, а фактот дека ова е единственото место на светот каде што постои, и тоа во толку мал број, го прави навистина значаен - рече Курст.

2
Фото: Depositphoto


Министерот за животна средина на Јужен Велс, Мат Кин, изјави дека боровите се спасени.

- Овие борови ги надживеале диносаурусите, па кога видовме дека огнот се приближува, сфативме дека мораме да направиме сè што можеме за да ги спасиме - изјави Кин.

Борот волеми бил познат само во својата фосилизирана форма и долго време се сметал за изумрен пред да биде пронајден во 1994 година.

Точната локација на овие борови останува строго чувана тајна за властите да успеат да ги заштитат.