A1 Македонија воведува услуга „Продолжена гаранција“ за уредите купени во A1
A1 Македонија, во соработка со Триглав Осигурување, со големо задоволство ја претставува најновата и уникатна услуга на пазарот „Продолжена гаранција“, со која на корисниците им овозможува дополнителни 24 месеци гаранција за уредите купени во продажните салони на A1, што започнува да важи веднаш по истекот на фабричката гаранција на производителот.
Со оваа услуга корисниците добиваат можност навремено да се заштитат од неочекувани трошоци поврзани со сервисирање и поправка на уредите, обезбедувајќи си поголема сигурност, финансиска предвидливост и безгрижно користење на технологијата на подолг рок.
Услугата „Продолжена гаранција“ е достапна за широк спектар на уреди, вклучувајќи мобилни телефони, смарт-уреди, телевизори, аудио и видеоапарати, компјутери, електронски и комуникациски уреди, како и електрични тротинети и велосипеди, бела техника, апарати за греење и ладење, фотоапарати, камери и прочистувачи на воздух, со што A1 им овозможува на корисниците на едно место да добијат заштита за најголемиот дел од уредите што ги користат во секојдневието.
Висината на месечната претплата зависи од вредноста на уредот и изнесува само 59 денари месечно за уреди со цена до 30.000 денари со вклучен ДДВ, 99 денари месечно за уреди со вредност од 30.001 до 60.000 денари со вклучен ДДВ и 149 денари месечно за уреди со цена над 60.000 денари со вклучен ДДВ.
Услугата е наменета за сите приватни и деловни пост-пејд мобилни и фиксни корисници што купиле уред во продажните салони на A1, при што месечната претплата се вклучува во редовната месечна сметка за користење услуги од компанијата, а активирањето може да се направи при самото купување на уредот или најдоцна во рок од 30 дена од датумот на купување.
Продолжената гаранција ги опфаќа сите елементи што се покриени и со фабричката гаранција на производителот, вклучувајќи производни дефекти, материјални недостатоци и грешки во производството, со што на корисниците им се обезбедува целосна заштита и сигурност во текот на целиот период на користење.
Повеќе информации можете да најдете на
www.a1.mk
(Комерцијална објава)