Колку долго живеат луѓето во најголемите економии во светот?

Колку долго живеат луѓето во најголемите економии во светот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако живеат во најголемата економија во светот, Американците имаат пократок животен век од жителите на многу други богати земји.

Во Јапонија, четвртата најголема економија во светот, луѓето во просек живеат пет години подолго. Во меѓувреме, жителите на земји како Франција и Италија имаат приближно четири години поголем животен век од Американците.

Зошто САД заостануваат?


Со просечен животен век од 80 години, Американците живеат пократко од жителите на многу други големи економии. Овој јаз се должи на повеќе фактори, меѓу кои се ограничениот пристап до здравствена заштита, високата стапка на дебелина и повисоките стапки на насилни смртни случаи.

Значајно е што САД се единствената земја од групата Г10 без универзално здравствено осигурување. Воедно, тие имаат и едни од највисоките трошоци за здравство меѓу богатите земји - 14.885 долари по лице, што е речиси двојно повеќе од просекот на ОЕЦД.

1
Фото: Visual Capitalist

Кина и Индија: различни патеки, значителен напредок

Кина, втората најголема економија во светот, има просечен животен век од 79 години, што е значително зголемување од просекот од 68 години во 1990 година. Во последните години националните политики се насочени кон подобра превенција на болести и проширување на здравственото осигурување.

Индија има животен век од 73 години, меѓу најниските во топ-30 економии. Дополнително, постојат значајни разлики по касти - лицата од пониските касти во просек живеат околу четири години пократко од оние од повисоките касти.

Сепак, Индија бележи најголем раст на животниот век во светот во последните шест децении. Од 1965 година наваму просечниот животен век е зголемен за 27 години благодарение на напредокот во здравството, намалената смртност кај децата и подобрената исхрана, поттикнати и од силниот економски раст.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist