Мет Дејмон смета дека филмовите на „Нетфликс“ се за публика која не го следи дејството
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Актерите Мет Дејмон и Бен Афлек гостуваа во популарниот поткаст „Џо Роган експириенс“ по повод промоцијата на нивниот нов филм „Рип“, достапен на „Нетфликс“. Покрај филмот, разговараа и за тоа како стриминг-платформите ги менуваат структурата и динамиката на современите филмови.
Дејмон објасни дека „Нетфликс“ често бара повторување на клучни информации во дијалогот бидејќи голем дел од публиката ги гледа филмовите на мобилни телефони.
Побрз старт и повторување на дејствието
- Класичниот акционен филм имаше три големи акциони сцени во првиот, вториот и третиот чин. Денес „Нетфликс“ сака веќе во првите пет минути да има спектакуларна акција, за веднаш да им го привлече вниманието на гледачите. И не му пречи ако дел од дејството или дијалогот се повтори неколку пати, бидејќи публиката често го следи филмот додека е на телефон - вели тој.
Успех без правила
Афлек додаде дека строгите шаблони што ги поставуваат стриминг-платформите не се единствениот пат до успех. Тој како пример ја наведе мини-серијата „Адолесценција“ на „Нетфликс“ која не користи „класични трикови“ за привлекување на публиката.
- Ја гледате серијата „Адолесценција“ и забележувате дека ги нема тие вообичаени сцени за брзо привлекување внимание. Сепак, серијата е исклучително силна, мрачна и интензивна. Ја следи приказната на човек кој дознава дека неговото дете е обвинето за убиство. Има долги кадри, сцени во кои ликовите седат во автомобил и никој ништо не зборува - вели Афлек.
Извор:
BIZlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube