За што служат џиновските мегафони скриени во шума во Естонија?

За што служат џиновските мегафони скриени во шума во Естонија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Длабоко во шумата, на три часа оддалеченост од главниот град на Естонија, се наоѓа акустично чудо - три големи дрвени мегафони поставени еден до друг. Станува збор за уметничка инсталација, но истовремено мегафоните ги зголемуваат звуците на дрвјата и на птиците во шумата.

Посетителите се охрабруваат да застанат во центарот на инсталацијата, помеѓу сите мегафони, за најдобро да ги слушнат звуците на шумата.


Извор: atlasobscura.com
Фото: Screenshot/Youtube