Правилото за офсајд може да се смени идната година

Правилото за офсајд може да се смени идната година

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) може да ги промени правилата за одредување офсајд.

Според новите правила, офсајд-позиција ќе се запише само доколку играч на екипата која е во напад со цело тело е пред последниот играч на противникот.

Иницијатор за промените беше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

Правилото се тестира од ноември 2023 година на младинските турнири во Италија и Шведска. Успехот на експериментот ќе се процени не порано од февруари 2025 година.

Извор: МИА