Дали знаете како правилно да ги носите слушалките „ерподс“ на „Епл“
Дебатата за тоа како правилно да се носат „ерподс“ во последните денови повторно ги преплави социјалните мрежи, а корисниците изнесуваат различни теории - од мало ротирање до целосно „превртување“ на слушалките наопаку.
Дискусијата започна на платформата „X“, каде што корисниците ги прашуваат ВИ асистентите како „Грок“ како правилно да се носат „ерподс“. Одговорот што привлече најголемо внимание се совпаѓа со официјалниот совет на „Епл“.
„Епл“ има јасен одговор за правилно носење на „ерподс“
Според препораките на „Епл“, правилното поставување се состои од три чекори. Прво слушалките нежно се вметнуваат во увото, потоа малку се ротираат кон лицето за подобро да се вклопат во ушниот канал и на крај лесно се притискаат за да бидат стабилни. Овој начин на носење овозможува подобро прилепување, постабилна положба и подобар квалитет на звукот. Ротацијата кон лицето е клучниот чекор што многу корисници го занемаруваат.

Кај моделот „ерподс про“ важно е да се избере соодветна големина на силиконските врвови бидејќи правилното поставување влијае врз квалитетот на звукот и поништувањето на бучавата.
Интересно е што на платформи како „Тик-ток“ и „Инстаграм“ се советува слушалките да се носат наопаку, но таков пристап нема основа во официјалните препораки.
Извор: benchmark.rs
Фото: YouTube screenshot/Freepik