Револуционерен „вештачки панкреас“ - ефективен кај дијабетичарите од тип 1

Револуционерен „вештачки панкреас“ - ефективен кај дијабетичарите од тип 1

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување за ефикасноста на „вештачкиот панкреас“ сугерира дека е одличен лек за луѓето со дијабетес што постојано имаат потреба да ја следат гликозата во крвта.

Технологијата работи преку еден вид затворен циклус што ја надгледува гликозата во крвта на пациентот додека доставува дози во правилните хормони. Токму поради ова, за многу луѓе овој уред значи нормален живот.

Во систематски преглед на досегашните докази, тим предводен од истражувачи од Универзитетот „Аристотел“ во Солун евалуирал 41 истражување за безбедноста и ефикасноста на два вида вештачки панкреас што го користеле повеќе од 1.000 волонтери.

Тимот открил дека волонтерите што го тестирале уредот поминале за 10 отсто повеќе време во рамките на здравиот опсег на ниво на гликоза во крвта во текот на секој даден 24-часовен период.

Ова е охрабрувачка вест и покажува дека медицината се движи во правилната насока, но ќе треба да одговори на повеќе прашања за балансирање на ризиците, трошоците и придобивките од овој неверојатен уред.

Дијабетесот опишува класа на состојби што го отежнуваат телото да управува со нивоата на шеќер или поради проблеми да го произведува инсулинот потребен за апсорпција на гликоза, како што е дијабетес тип 1 или отпорност на инсулин, како што е дијабетес тип 2.

Поради ова, пациентите со дијабетес тип 1 треба да го проверуваат нивото на крвта и да ја следат нивната исхрана и потенцијално да внесуваат пресметани дози на инсулин. Иако звучи едноставно во принцип, за милиони луѓе ова е комплицирано затоа што широк спектар на променливи го прават невозможно задржувањето на совршеното ниво на гликоза.

Модерната технологија помогнала на многу начини, обезбедувајќи пумпи што точно можат да администрираат инсулин и уреди за континуиран мониторинг и внимателно да ја следат, минута по минута, гликозата во крвта. Меѓутоа, овие алатки сè уште бараат човекот да го направи клучното расудување.

Токму затоа „вештачкиот панкреас“ е неверојатно откритие - има цел да го преземе товарот на донесување одлуки со тоа што има алгоритам што може да утврди колку инсулин или друг балансирачки хормон наречен глукагон треба да се инјектираат како одговор на мерењата на гликоза во крвта. Иако не е исто како природниот панкреас, кај пациентите може да го намали стресот.

Застрашувачката последица од дијабетесот, особено кај младите луѓе, е ризикот од умирање во сон, веројатно поради пропуштање на виталните знаци за критично низок шеќер во крвта.

Тимот што го спроведува истражувањето повикува на истражување со повисок квалитет - на пример, ниту едно од клиничките испитувања врз младите луѓе не вклучувало деца под пет години. Исто така, три четвртини од испитувањата траеле една недела, што овозможува ограничени информации за долгорочните ефекти на уредот.

„За пациентите со проблеми, како што е хипогликемија без предупредувачки симптоми, овој уред би можел да биде од голема корист“, вели медицинскиот истражувач Норман Вау од Универзитетот во Ворвик. „За децата, потребни ни се податоци за квалитетот на животот на родителите. Потребно е испитување за двоен инсулин и глукагонски систем во цистичната фиброза поврзан со дијабетесот, каде што панкреасот и хепаталното оштетување ги оштетуваат одговорите и на хипогликемијата и на хипергликемијата“, додава тој.

Фото: Johnson & Johnson