„Вацап“ воведе опција за полесно пронаоѓање на разговорите

„Вацап“ воведе опција за полесно пронаоѓање на разговорите

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Вацап“ воведе нова функција „чет филтерс“ која би требало да им помогне на корисниците полесно да пронаоѓаат конкретни разговори и пораки во рамките на апликацијата.

- Отворањето на „Вацап“ и наоѓањето на вистинскиот разговор треба да биде брзо, беспрекорно и лесно. Како што луѓето прават сѐ повеќе и повеќе работи на „Вацап“, никогаш не било поважно да можете брзо да дојдете до вашите пораки. Затоа ја воведуваме функцијата „чет филтерс“, за да можете да го правите тоа без да морате да се движите низ целото сандаче - велат од „Вацап“.

Имено, корисниците на почетната страница имаат три опции за филтрирање на пораките – „Сите, Непрочитани, Групи“. Со кликнување на „Сите“, што е исто така стандардна поставка, ќе се прикажат апсолутно сите разговори, додека на „Непрочитани“ ќе се прикажат оние што не се прочитани. „Групи“, од друга страна, е опцијата која ќе прикажува групни разговори.

Функцијата ќе биде достапна за сите корисници на „Вацап“ во наредните недели.

Извор: Bug.hr

Фото: WhatsApp/Platform X