Мистериозните начини на кои животните мигрираат илјадници километри

Мистериозните начини на кои животните мигрираат илјадници километри

Подготвил: Драгана Петрушевска

Рибите, инсектите и птиците поминуваат долги и комплицирани патеки со помош на моќни сетила за кои луѓето може само да сонуваат. За некои животински видови, домот е повеќе од чувство. Тој е преживување.

Многу животни патуваат стотици километри за да најдат ресурси, а потоа се враќаат дома за да се размножуваат. Како знаат каде да одат? Мирисот и магнетизмот им помага на животните кои мигрираат, иако некои делови од процесот се мистерија и денес.


Фото: Pixabay

Водните животни најчесто ги следат водните струи за да стигнат до отворено море, но чувството за мирис помага кога е време за враќање назад за размножување. Езерските есетри положуваат јајца во камењата во длабочините на реката Кивони во Висконсин, САД, а потоа пливаат и до 160 километри до Големите Езера, кадешто созреваат деценија или две пред да се вратат назад.


Помалку од 4% од овие водни животни остануваат на друго место до крајот на животот. Есетрите можеби ги мирисаат протеините во водата и така го препознаваат патот за назад.


Фото: Pixabay

Некои видови кои мигрираат веројатно ги користат магнетните сили за навигација. Вид арктички птици летаат речиси 20.000 километри едниот до другиот пол, вид морски желки пливаат 13.000 километри од Јапонија до Калифорнија, а еден вид молци летаат речиси 1.000 километри низ Австралија за да ја поминат зимата во пештери. Бубачките се толку прецизни што честопати се размножуваат и умираат на истите карпи на кои се родени.

Сепак, според зоологот Ерик Ворант, молците не ги користат само магнетните сили. Тие користат и визуелни показатели. Сепак, фасцинантно е како тие го наследуваат инстинктот за да патуваат на исто место со оглед на тоа што нивните родители умираат три месеци пред тие да можат да летаат.

Извор: popsci.com