Децата од „IThink Academy“ дипломираа со реални проекти

Децата од „IThink Academy“ дипломираа со реални проекти

На 19.06.2019 година во просториите на Сеавус Едукативниот Центар се одржа “Graduation Day” на IThink (АјТинк) Академија која трета година по ред обучува повеќе од 90 деца годишно на возраст од 8 до 14 години.

1

2

„IThink“ е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија.

На овој настан се доделија дипломите за успешно завршена учебна 2018/19 година, а дополнително беа претставени и завршните проекти на децата од „Advanced“ и „Upper“ програмата. Фасцинантно е да видите како децата создаваат реални прозводи за деца и возрасни. Проектите кои беа претставени се две целосно функционални веб страни за Здружението на деца со аутизам „ААМК“ и „Копче“ проект на Црвен Крст на Северна Македонија за донација и дистрибуција на облека чии претставници беа присутни на овој настан. Дополнително беа претставени и 3D видео игри изработени во Unreal Engine Blueprints.

4

5

Претставници на Seavus едукативниот и развоен центар, инаку основачи на оваа академија велат дека настанот на кој беа доделени дипломите е едно прекрасно заокружување на една возбудлива година полна со успеси и незаборавни моменти реализирани благодарение на децата и нивните ментори.

6

„Вие дадовте придонес во општеството и создадовте вредност. Вие ја направите Ithink многу повеќе од само академија за технологија и дизјан. Сите вие тренери, асистенти и ученици ја исполнивте нашата мисија и смисла за постоење и придонесовте кон тоа уште повеќе да се приближиме кон нашата визија – да станеме образование кое пред се луѓето ќе ги направи луѓе и ќе им помогне во нивното лично истражување и пронаоѓање на себесе“ истакнаа претставниците на „IThink“.

7

„Кога ни се обратија од Сеавус и ми кажаа дека сакаат да изработат веб страна за нашето здружние ние бевме пресреќни, а она што дава посебен белег на овој проект е што таа веб страна ја изработија деца студенти на Академијата. Односно деца направија нешто за деца. Поубаво од тоа нема!, вели Денис Јанкуловски - раководител на организацијата Аутизам ААМК.

8

„Изработката на веб страна за Копче е од исклучително значење за унапредување на нашата работа и навремено информирање на нашите купувачи и донатори за новости. Особено задоволство ни претставуваше тоа што учениците од Think Академијата на сопствена иницијатива изразија желба да изработат веб страна за Копче. Уште поголемо е задоволството кога го видовме финалниот производ, каде може да се забележи посветеноста и љубовта со која е изработена веб страната.” изјави Ангелина Ристова Андреевска - одговорен соработник во СП Копче

На крајот од настанот, претставниците на академијата ги најавија новите уписи за 2019/20 година.

9

10