Говорот на матурантот на крајот од годината открил што сѐ учениците претрпеле во училиштето

Говорот на матурантот на крајот од годината открил што сѐ учениците претрпеле во училиштето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Матурантот Чарлс Чендлер на говорот по повод матурирањето во средното училиште „Херитеџ“ ги искористил своите 5 минути и го обвинил училиштето затоа што не презело ништо во врска со ужасните работи што се случувале во него.

- И до вас почетници, кои треба да ги издржите сите работи што училиштето ќе ви ги приреди уште две или три години. Училиште каде што администрацијата замижува пред сето тоа што се случува во училиштето. Нивното училиште. Сексуалните напади, булингот, депресијата. Тие не прават ништо за да го поправат ова - вели Чендлер во неговиот говор.

Наводно, официјалните лица од училиштето „Херитеџ“ во Вашингтон замижале пред неколку вакви случаи затоа што институцијата била повеќе фокусирана на зачувување на нивниот имиџ отколку на решавање на ваквите проблеми. Откако Чендлер одлучил да не го кажува говорот што претходно му го одобрило училиштето, училиштето ја поништило поканата да биде дел од церемонијата на матурантите.

- Мислам дека не можат да ме спречат да одам на церемонијата затоа што ги изразив моите права во согласност со Првиот амандман - изјави Чендлер пред да открие дека повеќе врсници му се обратиле со нивните приказни за злоупотреба и недејствување од страна на администрацијата на училиштето.

- Се обидов да добијам помош, но никој не ми ја даде - вели Итан Вилер, пријател на Чендлер.