Велосипедска дипломатија: Холандскиот премиер на „подвижна“ средба со летонскиот премиер
Подготвил:
Тамара Гроздановски
На улиците низ Хаг завчера биле забележани холандскиот премиер Марк Руте и летонскиот премиер Артурс Кришјанис Каринш како заедно возат велосипеди.
Иако во земјите од Западна Европа ова е вообичаено, за нас е доста необично со оглед на фактот што нашите политичари користат само автомобили како превозно средство.