Од денеска до 25 јуни полуматурантите можат електронски да аплицираат за упис во средно

Од денеска до 25 јуни полуматурантите можат електронски да аплицираат за упис во средно

Од денеска до 25 јуни, до 15 часот, е првото електронско пријавување на учениците за запишување во прва година средно образование.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот не е потребна и најавата се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата е поставено со линк на страната за логирање/ најава.

Второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.

Пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни, да се испечати и да се достави до училиштата со останатите потребни документи согласно конкурсните рокови од Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Македонија.

Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот - по отварање на електронската пријава на ученикот.