Оглас за вработување во Слога Пром - Кавадарци

Оглас за вработување во Слога Пром - Кавадарци

Слога Пром ДООЕЛ Кавадарци поради проширување на својот тим објавува оглас за вработување на :

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Профил на кандидатот:

- Образование – ВСС Економски факултет;
- Минимум 3 години работно искуство во продажба;
- Одлично познавање на Microsoft office (excel, word, power point);
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
- Лидерски и аналитички вештини;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Способност за индивидуална и тимска работа.

Опис на работно место:
- Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата;
- Работа со постоечки, клучни клиенти и продажба на територијата на Македонија;
- Одговорен за постигнување на продажните планови и унапредување на продажбата согласно пазарните можности;
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба;
- Истражување на карактеристиките на пазарот за побарувачката за постоечките и нови производи;
- Ги следи продажните трендови на пазарот;

Дополнителни информации:
Компанијата Слога Пром ДООЕЛ Кавадарци нуди одлични услови за работа со атрактивен пакет на наградување и бонуси, како и овозможување посета на обуки за професионална надоградба. Вашата професионална биографија можете да ја доставите електронски на email: info@sloga.mk

Тел.за контакт: 043/550-200

Напомена:
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 31.08.2018 година.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.