Оглас за вработување во Спорт Висион... Се бара Менаџер за човечки ресурси

Оглас за вработување во Спорт Висион... Се бара Менаџер за човечки ресурси

Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!

Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни
луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на
 

Менаџер за човечки ресурси


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

•    Образование: ВСС – Општествена насока
•    Работно искуство од мин. 3 год. на менаџерска позиција во домен на HR
•    Активно познавање на англиски јазик –минимум Б2 ниво
•    Напредно познавање на MS Office
•    Едуцирани комуникациски и лидерски вештини
•    Возачка дозвола – Б категорија

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

1.    Предлага и адаптира стратегии, политики и процедури во домен на НR, согласно стандардите на Спорт Висион;
2.    Ги интегрира предлозите и изработува годишни и квартални планови за прием на кадри;
3.    Ги обезбедува потребните кадри: ги обработува барањата за прием, го координира процесот на регрутација, учествува во селекцијата и распоредот на вработени;
4.    Креира планови на обука, изработува стратегии за управување со знаење, дава мислење во однос на предлозите за обука, обезбедува оцени на обуките и ефектот од обуката;
5.    Организира интерни или “in house” обуки;
6.    Ја оценува работата и/или потенцијалот на вработените;
7.    Изработува планови за развој на вработените на ниво на фирмата и учествува во планирањето на кариерниот развој на клучните кадри;
8.    Врши евалуација - фидбек 360 на годишно ниво, анализа на задоволството од работа во СВ и потенцијалната флуктуација;
9.    Обезбедува снимање и анализа на корпоративната култура и предлага мерки кои треба да се преземат;
10.    Учествува во решавање на конфликти и недоразбирања, лоша работна атмосфера и тоа како прва “надворешна/вонсекторска“ инстанца;
11.    Пружа советодавна помош на менаџерите на сите нивоа во домен на HR;
12.    Изработува административна документација која произлегува од правата и обврските на работниот однос;
13.    Се грижи за податоците и информациите за вработените како деловна тајна и ја штити приватноста;
14.    Ја контролира имплементацијата и реализацијата на сите планови, одлуки, процедури и мерки во домен на HR;
15.    Изработува извештаи од домен на HR;
16.    Ги следи промените на законската регулатива во домен на работни односи;
17.    Извршува и други работи по налог на претпоставениот.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

•    Доверливост и лојалност;
•    Спремност за преземање на одговорност
•    Флексибилност за работата во динамична атмосфера и со кратки рокови
•    Способност за работа под притисок
•    Конструктивен пристап кон работни предизвици
•    Способност за менаџирење и контролирање на обврските
•    Тимска работа

Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете ја на маил до 25ти јуни 2018 година: hr@sportvision.mk со назнака “HR менаџер”.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.