Бронзен медал за матурантот Александар Трајковски на хемиската олимпијада „Менделеев“

Бронзен медал за матурантот Александар Трајковски на хемиската олимпијада „Менделеев“

Подготвил: С.Ѓ.

Лектор: Ивана Кузманоска

Александар Трајковски, матурант од средното училиште „Крсте П. Мисирков“ од Демир Хисар, освои бронзен медал на Меѓународната хемиска олимпијада „Менделеев“. 54-тото издание на престижната олимпијада се одржа онлајн.

Тимот на македонската репрезентација го сочинуваа Трајковски, Михаил Трајков, Дарко Стојчев и Леонид Сајков. Нивен ментор беше доцент д-р Миха Буклески од Институтот по хемија на ПМФ.

Во подготовката на олимпијците учествуваа и други професори од Институтот за хемија - Владимир Петрушевски, Наташа Ристовска, Јасмина Петреска-Станоева, Марина Стефова и Слоботка Алексовска.

- Освен некои мали технички проблеми што зависеа од организаторот, други проблеми немавме. Учениците беа собрани на Институтот за хемија, во библиотеката каде што има доволно голема просторија. Од нашето досегашно искуство на олимпијадата ни се покажа дека сме многу подобри во експерименталниот дел отколку во теоретскиот. Годинава беа исклучени експериментите. Но, се радуваме што сме напреднале во теоретскиот дел - објаснува проф. Буклески.

Апсолутен победник на натпреварот беше ученикот Илја Чаика од Русија.