„Гугл“ воведува интересна опција за уште подискретно пребарување

„Гугл“ воведува интересна опција за уште подискретно пребарување

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Корисниците што бараат дополнителна доза на дискреција, со најновото ажурирање ќе можат преку брзото одбирање да ги избришат последните 15 минути од пребарувањето.

Без оглед на тоа каква причина имате, можноста за бришење на историјата на пребарување е клучен елемент на секој систем за пребарување на интернет. „Гугл“ во најновата верзија на апликацијата за iOS додаде можност за едноставно бришење на пребарувањето од последните 15 минути, за што корисниците треба да направат само еден клик.

„Гугл“ неодамна на блогот „Киворд“ најави ново копче кое на корисниците ќе им овозможи бришење на пребарувањето од последните 15 минути - опција која првично ќе биде достапна само за Епл-уредите. Корисниците на „Андроид“, исто така, ќе добијат слична функција, но ќе мораат да почекаат. Од компанијата не го прецизираа датумот, но истакнаа дека брзото бришење на „Андроид“ ќе биде достапно пред крајот на годинава.

Фото: makeuseof

Новата функција ја заменува старата метода на бришењето на историјата со влегување во „My Activity“. Брзото бришење се врши со едноставен клик на вашиот профил и избирање на опцијата за бришење на пребарувањето од последните 15 минути. Имајте предвид дека ако не пребарувате, нема да ја видите новата функција.

Извор: makeuseof
Насловна фотографија: Unsplash