Како да го следите патувањето на Џеф Безос до вселената во живо?

Како да го следите патувањето на Џеф Безос до вселената во живо?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, во моментов се подготвува за летот до границата со вселената. Тој ќе лета на „Њу шепрд“, капсула и ракетен систем изграден од неговата компанија „Блу ориџин“.

Со себе ќе однесе и неколку гости, меѓу кои и неговиот брат, Марк Безос, 82-годишниот пилот Вали Фанк, како и 18-годишниот Оливер Дајмен, кој е првиот вселенски турист што лета со компанијата.


Фото: Blue Origin

Летот до границата со вселената ќе трае околу 11 минути од полетувањето до слетувањето. Летот е закажан за денеска (20 јули) со почеток од 15:00 часот по средноевропско време. Јавноста ќе може да го следи летот преку интернет бидејќи ќе се пренесува во живо.

Во преносот ќе може да се видат кадри од надворешноста на ракетниот систем, но не и од внатрешноста. Видео од внатрешноста ќе биде објавено по летот. Преносот во живо ќе биде на официјалната веб-страница на компанијата овде

Извор: CNN