Бројот на мигранти расте побрзо од светското население

Бројот на мигранти расте побрзо од светското население

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Бројот на меѓународни мигранти во светот - моментално 3,5 отсто од луѓето на Земјата - сега се зголемува со побрзо темпо од целата популација на планетата.

Официјалните заведувања на мигрантите (сега 272 милиони) што ги прави ОН вклучуваат луѓе кои менуваат земји од која било причина, доброволно или не. Но, сè поголем дел од тој број - моментално 25 отсто - е составен од бегалци и баратели на азил, што илустрира вознемирувачка нестабилност во геополитичката динамика.

Бројот на глобални бегалци во периодот меѓу 2010 и 2017 година, според ОН, се зголемил за 13 милиони луѓе. Додека медиумите се фокусирани на бројките наместо на коренските причини за миграција, минатите истражувања посочуваат дека сè поголемиот број на бегалци само бил влошен од сè полошите климатски промени.

Потсекретарот на ОН, Лиу Женмин, истакна дека разбирањето на шемите на миграција - следењето каде луѓето заминуваат и се упатуваат - е клучно за да се осигури дека мигрантските популации се безбедни.