Повик за учество во програма за кариерно советување

За проектот
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за
вмрежување за младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во
соработка со CEED Hub Скопје. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје
и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да
придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив
систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.
Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
● Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно
работно место;
● Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
● Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за
нивен личен и професионален развој.
За повикот
Програмата за кариерно советување ќе ги развие вештините за барање и наоѓање соодветно работно место на младите невработени лица. Преку оваа програма, проектот ќе им помогне на младите да станат поконкурентни на пазарот на труд со поддршка од професионалци со долгогодишно искуство во областа кариерно советување.
Учесниците во програмата ќе направат детална самопроценка на нивните интереси, карактеристики, вештини и вредности и врз основа на овие сознанија ќе постават реалистични кариерни цели. На крајот на програмата, секој учесник ќе има развиено индивидуален план за вработување. Програмата за кариерно советување ќе започне во октомври 2021 година, а учеството е бесплатно.
Дел од програмата би се реализирал со физичко присуство во Скопје, согласно важечките мерки за заштита од COVID-19 во тој период, а дел онлајн. Патните трошоци за учество на средбите во Скопје за учесниците кои не живеат во Скопје ќе бидат покриени.
Услови и обврски за учество во програмата
Заинтересираните кандидати за учество во програмата за кариерно советување е потребно:
Да бидат на возраст помеѓу 18 и 29 години;
Да имаат завршено најмалку средно образование;
Да не се во работен однос и
Да имаат регистрирано профил на платформата
CareerHub.
Учесниците ќе имаат обврска активно да се вклучат во програмата за кариерно советување од почеток до крај.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата
CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на
овој линк најдоцна до 26 септември 2021. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на
applications@nms.org.mk или на 070 399 058.