Еве како изгледа внатрешноста на кинеската вселенска станица

Еве како изгледа внатрешноста на кинеската вселенска станица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кинеската вселенска станица „Тјангонг“ сега се користи за најдолгата вселенска мисија на Кина. Оваа вселенска станица е неофицијален ривал на Меѓународната вселенска станица, а во неа има три кинески астронаути што пристигнале во станицата во саботата.

Во вселенската станица има многу алатки, а во дизајнот таа се разликува од Меѓународната вселенска станица.

Во видео објавено од телевизијата ЦЦТГ може да се види дека астронаутите имаат големи кревети, простор за вежбање и посебни простории за секој член на екипажот. Видеото може да го гледате во продолжение.


Извор: Futurism
Фото: YouTube (Printscreen)