Син ми има 14 години и на мобилниот му најдов снимка како пуши цигари со другарите... Како да постапам?
Имам 14-годишен син и пред две недели на телефон му најдов снимка со другарите како пушат цигари. Му објаснив дека тоа не е во ред, дека се многу мали за таква навика, се трудев на смирен начин да му ги кажам сите штети што можат да настанат од цигарите. Но воопшто не сум допрела до него. Вчера на училиште запалил во вецето. Како мал беше толку амбициозно и весело дете, се радуваше на ситници, а последниве две години е многу сменет. Ништо не го интересира и прави вакви глупости. Како да постапам и што да направам за да не тргне по некој лош пат?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк