„Кој се плаши од страдање, веќе страда од страв!“

„Кој се плаши од страдање, веќе страда од страв!“

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска

Овие внимателно одбрани зборови на мудроста навистина се едни од најмоќните и најмудрите цитати на сите времиња.

1. „Секој е гениј. Меѓутоа, ако ја проценуваме рибата во зависност од нејзината способност да се качува по стебла, таа целиот свој живот ќе го помине во уверување дека е глупава“, – Алберт Ајнштајн.

2. „Пред да си дијагностицирате депресија или ниска самодоверба, прво уверете се дека не сте  опкружени со кретени“, – Сигмунд Фројд.

3. „Ако барате среќа за другите, ќе ја најдете и за себе“, – Непознат.

4. „Љубовта е глагол. Љубов-чувство е плод на љубовта-глагол“, – Стивен Кови.

5. „Сè може да му се одземе на човек освен една работа: последното од човечките права – правото на избор на став во какви било околности, право на избор на сопствениот пат“, – Виктор Франкл.

6. „Кој се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши“, – Мишел де Монтењ.

7. „Успех е да се оди од неуспех во неуспех, без да се изгуби ентузијазмот“, – Винстон Черчил.

8. „Морате да бидете промената што сакате да ја видите во светот“, – Ганди.

9. „Кога една врата ќе се затвори за среќата, друга се отвора, но понекогаш толку долго гледаме во затворената врата што не ја гледаме онаа што се отворила за нас“, – Хелен Келер.

10. „Предизвиците го прават животот интересен, а ако преовладуваат – му даваат смисла“, – Џошуа Џ. Марин.

11. „Ако сакаш среќа за еден час – оди дремни. Ако сакаш среќа за еден ден – оди на риболов. Ако сакаш среќа за една година – наследи богатство. Ако сакаш среќа за цел живот – помогни му на некој друг“, – кинеска поговорка.

12. „Животот никогаш не е неподнослив поради околностите, туку поради недостигот на смисла и цел“, – Виктор Франкл.

13. „Умот кој доживеал ново искуство никогаш не може да се врати на својата стара димензија“, – Оливер Вендел Холмс.

14. „Животот е навистина едноставен, но ние настојуваме да го комплицираме“, – Конфуциј.

15. „Многу луѓе имаат страст, но поради нивното ограничено уверување за тоа кои се и што можат да направат, никогаш не преземаат чекори со кои нивниот сон би станал реалност“, – Ентони Робинс.

16. „Вистинскиот успех го надвладува стравот од неуспех“, – Пол Свини.

17. „Единствен начин на кој можеме да живееме е да растеме. Единствениот начин на кој можеме да растеме е да се менуваме. Единствениот начин на кој можеме да се менуваме е да учиме. Единствениот начин на кој можеме да научиме е да сме посветени. А единствениот начин да бидеме посветени е да се отвориме“, – Ц. Џојбел.

18. „Ако нешто не ви се допаѓа – променете го. Ако не можете да го промените, променете го начинот на кој размислувате за тоа“, – Мери Енгелбрајт.

19. „Животот кој го поминуваме правејќи грешки е почесен од животот кој го поминуваме не правејќи ништо“, – Џорџ Бернар Шо.

20. „Времето е пребавно за оние што чекаат, пребрзо за оние што се плашат, предолго за оние што тагуваат, прекратко за оние што се радуваат, но за оние што се сакаат, времето е вечност“, – Хенри ван Дајк.

21. „Претпочитам да умрам од значајна смрт отколку да живеам безначаен живот“, – Корасон Акино.

22. „Боже, дај ми разум да ги прифатам работите што не можам да ги сменам и сила да ги сменам оние што можам, како и мудрост да ја видам разликата“, – Рајнхолд Нибур.

23. „Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат; тие слушаат со намера да возвратат“, – Стивен Кови.

24. „Понекогаш сметаме дека сиромаштијата е да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Да си несакан, неволен и занемарен е најголемата сиромаштија. Мораме да почнеме да го лекуваме овој вид сиромаштија во своите сопствени домови“, – Мајка Тереза.

25. „Вчера е историја, утре е мистерија, денес е дар од Бога, и тоа е причината што го нарекуваме сегашност“ (англ. presence, слично како present – подарок) – Бил Кин.

26. „Вљубувањето не е избор. Да се остане вљубен – тоа е избор.“ – Непознат

27. „Најубавите луѓе што сме ги познавале се оние луѓе што почувствувале што е пораз, страдање, борба и губиток, но сепак го пронашле својот пат. Тие поседуваат благодарност, чувствителност и разбирање на животот кои ги исполнуваат со сочувство, благост и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале најубави само така едноставно!“ – Елизабет Кублер-Рос.

28. „Светот каков што го создадовме е процес од нашето размислување. Не може да се промени без да го промениме нашето размислување“, – Алберт Ајнштајн.

Фото: Freepik