Оглас за пракса на проект Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)...Се бара практикант за администрација

Оглас за пракса на проект Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)...Се бара практикант за администрација

Проект: Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)

Позиција: Практикант

Проектот E4E@mk објавува повик за ангажирање на практикант за администрација

Времетраење на пракса:
3-6 месеци

Информации за проектот: Проектот образование за вработување во Македонија (E4E@mk) е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементиран од страна на HELVETAS Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанска комора на Македонија.

Главната цел на проектот E4E@mk е повеќе граѓани, особено младите, да се стекнуваат со квалитетно стручно образование и обуки како и развој на стручни вештини кои придонесуваат за пристојно вработување. Целта треба да се постигне преку системски пристап кој се фокусира кон пазарно ориентирано формално и неформално стручно образование и обука како и преку подобрена регулатива која треба да ја подобри вработливоста кај младите. Проектот планира да постигне 3 резултати:

1. Повеќе граѓани, вклучувајќи ги и ранливите групи, ги користат можностите на подобрената понуда на инклузивна неформална обука за стручни вештини;
2. Учениците стекнуваат формално стручно образование усогласено со потребите на пазарот преку соработка меѓу училиштата и работодавачите;
3. Подобрената регулатива овозможува подобри услови и пристап до пазарноориентирано формално и неформално стручно образование.

Како да аплицирате? Писмо за мотивација заедно со кратка биографија треба да се достават по и-меил на: hristina.stojanoska@helvetas.org најдоцна до 16:00 часот на 27-ми декември, 2018 година. Во и-меилот задолжително да се наведе: за практикант за администрација.

Забелешка: Заинтересираните кандидати НЕ ТРЕБА да го контактираат персоналот на проектот E4E@mk или било кој друг проект администриран од страна на SDC во Македонија со цел прибирање на повеќе информации за наведената позиција. Проектот ќе ги контактира само селектираните кандидати и истите ќе ги покани на интервју.

Припадниците на помалите етнички заедници како и лицата со попреченост/потешкотии се охрабруваат да аплицираат за наведената позиција.

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Целта на E4E@mk практикантот за администрација е да му помага на проектниот тим во реализација на проектните активности на дневна основа. Практикантот првенствено ќе му помага на проектниот тим при реализација на тековните и планирани активности поврзани со администрација на социјални медиуми, организација на настани, набавки на добра и услуги од мала вредност, логистички, административни и оперативни задачи на дневна основа како и надградување на своите знаења во овие области преку можностите презентирани во проектот.

Под надзор на координаторот на проектот E4E@mk, практикантот ќе работи со проектниот тим при извршување на активностите, придонесувајќи во иницијативи поврзани со социјални медиуми, организација на проектни настани, поддршка при набавки од мала вредност и други логистички, административни и оперативни процедури. Превод на документи од англиски на македонски јазик и обратно, по можност и од/на албански јазик; асистирање при визуелно уредување на документи; поддршка на членовите на тимот на E4E@mk за време на состаноци, обуки и сл. кога е потребно; други поврзани задачи, согласно потребите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование: лице кое скоро дипломирало или е во последна година на студии (додипломски или постдипломски студии) по економија, право, новинарство, бизнис
администрација и други сродни студии.
- Претходно работно искуство НЕ е потребно.
- Обука по започнување на праксата: работно воведување, усвојување на политиките и процедурите на проектот низ работата и етички кодекс.
- Јазик: Б2 ниво познавање на англиски јазик, македонски јазик - мајчин јазик, двојазично или С1 владеење во зборување, читање и пишување е потребно. Познавање на албански јазик или јазик на друго етничко малцинство е предност.
- Знаења: администрирање на социјални медиуми, постапки за набавки од мала вредност и организација на настани ќе се сметаат за предност.
- Вештини и способности: Компјутерски вештини (одлично познавање на MS Office), организациски вештини, комуникациски вештини (усмени и писмени), изготвување на документи, иницијативност и критичко размислување. Вештините за преведување ќе се сметаат за предност.

ЕЛЕМЕНТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:
Менторство: Административниот практикант ќе работи под менторство на координаторот на проектот E4E@mk. И покрај менторството, од практикантот ќе се очекува самоиницијативност и про-активност во своето работење.

НАДОМЕСТ:
Практикантот ќе добива месечен надомест за превоз и храна во износ од 8.880,00 МКД