Оглас за пракса на проект Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)...Се бара практикант за родова и социјална инклузија

Оглас за пракса на проект Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)...Се бара практикант за родова и социјална инклузија

Проект: Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)

Позиција: Практикант

Проектот E4E@mk објавува повик за ангажирање на практикант за родова и социјална инклузија

Времетраење на пракса: 3-6 месеци

Информации за проектот: Проектот образование за вработување во Македонија (E4E@mk) е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементиран од страна на HELVETAS Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанска комора на Македонија.
Главната цел на проектот E4E@mk е повеќе граѓани, особено младите, да се стекнуваат со квалитетно стручно образование и обуки како и развој на стручни вештини кои придонесуваат за пристојно вработување. Целта треба да се постигне преку системски пристап кој се фокусира кон пазарно ориентирано формално и неформално стручно образование и обука како и преку подобрена регулатива која треба да ја подобри вработливоста кај младите. Проектот планира да постигне 3 резултати:


1. Повеќе граѓани, вклучувајќи ги и ранливите групи, ги користат можностите на подобрената понуда на инклузивна неформална обука за стручни вештини;
2. Учениците стекнуваат формално стручно образование усогласено со потребите на пазарот преку соработка меѓу училиштата и работодавачите;
3. Подобрената регулатива овозможува подобри услови и пристап до пазарноориентирано формално и неформално стручно образование.

Како да аплицирате? Писмо за мотивација заедно со кратка биографија треба да се достават по и-меил на: hristina.stojanoska@helvetas.org  најдоцна до 16:00 часот на 27-ми декември, 2018 год. Во имеилот задолжително да се наведе: за практикант за родова и социјална инклузија.

Забелешка: Заинтересираните кандидати НЕ ТРЕБА да го контактираат персоналот на проектот E4E@mk или било кој друг проект администриран од страна на SDC во Македонија со цел прибирање на повеќе информации за наведената позиција. Проектот ќе ги контактира само селектираните кандидати и истите ќе ги покани на интервју.

Припадниците на помалите етнички заедници како и лицата со попреченост/потешкотии се охрабруваат да аплицираат за наведената позиција.

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Целта на E4E@mk практикантот за родова и социјална инклузија е да му помага на проектниот тим во интегрирањето на аспектот на родова и социјална инклузија во дневните активности. Практикантот првенствено ќе му помага на проектниот тим при воведување / споделување на идеи за интегрирање на аспектот на родова и социјална инклузија во тековните активности; помага при превод, административни и оперативни задачи на дневна основа и ги надградува своите знаења во оваа област преку можностите презентирани во проектот.

Под надзор на лицето одговорно за родова и социјална инклузија во E4E@mk, практикантот ќе работи со проектниот тим при дизајнирањето на активностите, придонесувајќи преку споделување на перспективи и идеи од аспект на родова и социјална инклузија.
Останатите задачи на практикантот вклучуваат комуникација со останатите чинители инволвирани во активностите;
превод на документи од англиски на македонски јазик и обратно, по можност и од/на албански јазик; учествува во анализи и врши анализи (собира и обработува податоци) и пишува кратки извештаи;
му помага на тимот на E4E@mk при организирање на настани;
помага при визуелно уредување на документи;
ги придружува членовите на тимот на E4E@mk за време на состаноци, обуки и сл. кога е потребно;
извршува други поврзани задачи, согласно потребите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

- Образование: лице кое скоро дипломирало или е во последна година на студии (додипломски или постдипломски студии) по социологија, дефектологија, родови студии, социјална работа и социјална политика и семејни студии.
- Претходно работно искуство НЕ е потребно.
- Обука при започнување на практиканството: работно воведување, усвојување на политиките и процедурите на проектот низ работата и етички кодекс.
- Јазик: Б2 ниво познавање на англиски јазик, македонски јазик - мајчин јазик, двојазично или С1 владеење во зборување, читање и пишување е потребно. Познавање на албански јазик или јазик на друго етничко малцинство е предност.
- Знаења: аспекти на социјална инклузија, разбирање на потребите на различните маргинализирани и ранливи групи
- Вештини и способности: Компјутерски вештини (одлично познавање на MS Office), организациски вештини, комуникациски вештини (усмени и писмени), изготвување на документи, иницијативност и критичко размислување. Вештините за преведување ќе се сметаат за предност.

ЕЛЕМЕНТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:

Менторство: Практикантот за родова и социјална инклузија ќе работи под менторство на одговорното лице за родова и социјална инклузија во рамки на проектот E4E@mk. И покрај менторството, од практикантот ќе се очекува самоиницијативност и про-активност во своето работење.

НАДОМЕСТ:
Практикантот ќе добива месечен надомест за превоз и храна во износ од 8.880,00 МКД.