Физичар анализирал како е можно Дедо Мраз за една ноќ да ги посети сите деца во светот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дедо Мраз може да ги обиколи сите христијански деца и да им подели пакетчиња во текот на еден ден, како што се наведува во приказните и филмовите, соопшти физичарот Метин Толан од Дортмунд, повикувајќи се на принципите на квантната физика.
Толан во својата книга „Тивка ноќ, света ноќ“ наведува дека Дедо Мраз би морал да извршува 2.708 посети во секунда за да достави подароци во 234 милиони домаќинства во рок од 24 часа. Притоа, доколку би летал во насока спротивна од ротацијата на Земјата, би имал вкупно 32 часа и со тоа „само“ околу 2.000 посети во секунда.
Во тој случај, Дедо Мраз би морал да помине оддалеченост од приближно 82 милиони километри, и тоа со санки тешки над 200.000 тони, под претпоставка дека секое дете добива подарок што тежи околу еден килограм.
Толан пресметал дека на Дедо Мраз би му била потребна шестпати поголема количина на енергија од онаа што ја троши Германија за цела година за да ги забрза санките до потребната брзина. Под тие услови, еден по еден ирвас, а потоа и самиот Дедо Мраз со санките, би испариле за дел од секундата.
Тој наведува дека преживувањето би било можно доколку дојде до израз квантната теорија, која тврди дека материјата има својства на бран, вклучувајќи го и таканаречениот принцип на неопределеност на енергијата и времето.
- Тоа значи дека Дедо Мраз мора да го замени бран на материја присутен во целиот простор, кој истовремено ги опишува сите состојби што тој може да ги преземе - изјавил Толан.
Така, наместо еден Дедо Мраз, би постоел цел „бран на Дедо Мразовци“ составен од позициите на сите негови состојби, а овие поединечни состојби потоа би биле определени со фактот дека тој во исто време ги доставува подароците во одредена куќа.
Извор:
021.rs
Фото: Freepik