Десет нешта за „Инстаграм“ што треба да ги знаете

Десет нешта за „Инстаграм“ што треба да ги знаете

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во овој водич ќе ви претставиме неколку функции, алатки и методи со кои во најкраток можен рок ќе го извлечете максимумот од „Инстаграм“.

1. Искористете го потенцијалот на вашата инстаграм-биографија

Ако сте деловен корисник и барате дополнителен начин на кој би можеле да се истакнете, задолжително фрлете поглед на описот на вашиот профил. Во рамките на биографијата можете да додадете сѐ - од официјалната интернет-страница до повик на иницијатива или акција.

Фото: Tportal

2. Верувале или не, времето на објавување е важно (ако сакате лајкови)

Пред да објавите фотографија на „Инстаграм“, водете сметка за неколку работи: кому ја испраќате и кога мислите дека тие се активни на „Инстаграм“. Мнозинството корисници апликацијата ја користат наутро и навечер или на пат од работа кон дома или од училиште.

Фото: Tportal

3. Сте размислувале ли за уредување на фотографијата пред да ја објавите?

Иако „Инстаграм“ има низа корисни алатки за средување на фотографиите, максималниот потенцијал ќе го извлечете со комбинирање на функциите на оваа апликација со функциите на надворешни апликации. Најдобри примери за апликации што можат да ви ги разубават фотографиите се „Squaready — Instagram Layouter“ (за автоматско форматирање на фотографиите пред објавување на „Инстаграм“), „Picfx“ (има еден куп ефекти и рамки) и „Camera+“ (за приспособување на светлината, контрастот и бистрината на фотографиите).

Фото: Tportal

4. Внимателно одбирајте ги хаштазите

Изборот на најдобрите тагови за вашите објави може да влијае врз нивниот успех. Ако одбирате тагови што се генерички, постои шанса вашата објава да наиде на мала реакција. Ако сакате да бидете лукави, комбинирајте неколку популарни и неколку специфични хаштази за да дојдете до таргет-публиката.

Исто така, експертите препорачуваат да има помалку од седум хаштази.

Фото: Tportal

5. Не плашете се да поставите прашања

Со воведувањето на опцијата „Прашања“, „Инстаграм“ воведе уште еден иновативен начин на комуникација меѓу корисниците. Тие функции му даваат можност на секој корисник да поставува прашања и да добие одговор.

Фото: Tportal

6. Сакате повеќе следбеници? Бидете активни

Ако сакате да ги забавувате вашите следбеници, морате релативно често да објавувате нова содржина. Се препорачува тоа да е еднаш дневно. Ова не значи дека морате да објавите десет фотографии дневно, туку една или две на еден до два дена. Ако долго не објавувате, би можеле да останете без следбеници.

Фото: Tportal

7. Линкови на продавниците во стори

Неодамна „Инстаграм“ воведе можност за поврзување на продавниците со помош на посебни тагови за шопинг. Според една неодамнешна анкета, еден од тројца корисници секој ден се интересира за бренд што го видел во стори.

Фото: Tportal

8. Препорачани објави

Кон средината на минатата година „Инстаграм“ воведе интересна функција на препорачани објави што им помага на корисниците да откријат нова содржина. Кога ги разгледувате објавите, ќе видите објава „all caught up“. Ако по ова известување продолжите да ги прегледувате објавите, ќе почнат да ви се појавуваат препорачаните.

Фото: Tportal

9. Поминувате ли премногу време на „Инстаграм“? Проверете

„Фејсбук“ воведе низа алатки кои на корисниците им даваат можност да си го организираат времето поминато на социјалните мрежи. На пример, корисниците на „Инстаграм“ можат да одат во „Your Activity“ за да го видат просечното време поминато во прегледување на објавите на оваа социјална мрежа, да ги исклучат потсетниците и да го проверат дневниот лимит (доколку си го поставиле).

Фото: Tportal

10. Пронајдете нешто за себе со тематските канали

Со воведувањето на тематските канали во функцијата „Explore“, „Инстаграм“ им даде можност на корисниците да сурфаат низ содржини и профили кои не ги следат, што значи дека можете да погледнете некои содржини кои би можеле да ве заинтересираат, како и содржини поврзани со некоја специфична тема. На „Инстаграм“ има многу интересни корисници за кои веројатно никогаш немате слушнато.

Фото: Tportal