Научник тврди дека ја решил мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Научник тврди дека ја решил мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Подготвил: Драгана Петрушевска

Еден научник тврди дека ја решил една од најстарите мистерии и вели дека чудовиштето од Лох Нес всушност е стар вид морска желка.

Професорот Хенри Бауер напишал научен труд во кој тврди дека чудовиштето можеби е вид неоткриена желка што била заробена во езерото кога водата се повлекла на крајот на последната ледена доба. Американскиот професор ја отфрла идејата дека суштеството е вид на диносаурус.

89-годишниот Бауер е пензиониран универзитетски професор по хемија и наука. Според него, описите за чудовиштето од Лох Нес во минатото одговараат на описите на желки кои се сметаат дека се изумрени. Овие желки поминуваат долги периоди во вода и брзо се движат во водата, но може да излегуваат на почва. Тие имаат долг врат и се движат во студено време.

Приказни за чудовиштето од Лох Нес имало уште во 6 век. Првиот запис за чудовиштето е од 565 година во биографија за Свети Колумба. Според записот, суштеството тргнало да нападне човек кога Свети Колумба му наредил да не го стори тоа и чудовиштето послушало.

Во 1960 година било снимено видео од грпка во движење во езерото, а најпознатата фотографија од чудовиштето е направена во 1934, но за неа подоцна се докажало дека е лажна. Минатата година, луѓе пријавиле дека го виделе чудовиштето 12 пати, а сонар на еден брод детектирал предмет во езерото. Според Бауер, ова се докази дека чудовиштето навистина постои или постоело.

Автори: Стивен Стјуарт и Вилијам Волкер
Извор: mirror.co.uk
Фото: Wikipedia