Детето ми е со застој во развојот, во градинка до 10 часот не му ја менуваат пелената и не јаде ништо

Детето ми е со застој во развојот, во градинка до 10 часот не му ја менуваат пелената и не јаде ништо

Имаме огромен проблем.. Детето има 3 години и 3 месеци и дијагноза застој во психомоторен развој. Не зборува, не јаде сам, сѐ уште носи пелена.

Проблемот се појавува во градинка од страна на главната учителка во неговата група. Детето некогаш седи со полна пелена до 10 часот додека да дојде негувателката. Исто така седи гладен до ручек затоа што во 10 нема што друго да му дадат да јаде освен некое парче овошје, доколку се најде.

Во последно време почнав да реагирам затоа што со рани ми го враќаат дома од тоа што не е пресоблечен навреме, за повратно да добијам одговор кој јас лично го сфатив како закана дека треба да внимавам како зборувам со нив.

Со директорот на градинката е разговарано неколку пати, меѓутоа, од таа страна се глуви за проблемот што го имаме.
Кажете ми што да направам, како да постапам и каде да се обратам, трауми доживуваме секојдневно, а во последно време и кога го караме, ги крева рацете како да се брани, па ме мачи мисла дали можеби и физички е малтретиран.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк.