Ова африканско растение е најсветлиот објект на светот

Ова африканско растение е најсветлиот објект на светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Со сјајни, блескави бобинки кои изгледаат како мали новогодишни украси, растението полија конденсата ја носи титулата најсветла жива материја во светот. Познато и како мермерна бобинка, ова фасцинантно повеќегодишно растение расте во шумите на Централна Африка. Растејќи до 90 сантиметри, на растението никнуваат кластери од околу 40 сини бобинки.

Иако иризацијата не е невообичаена во животинскиот свет (крилјата на пеперутката или оклопот на бубачките), тоа е исклучително ретко за растенијата.

На што се должи впечатливиот изглед на ова растение?

Во 2012 година истражувачите од Обединетото Кралство објавија истражување кое ја откри мистеријата на сјајот на растението.

Користејќи примерок од „полија конденсата“, научниците успешно утврдиле што е причината за изгледот на овие растенија.

Повеќето растенија се потпираат на пигментите за нивната боја, но не и ова растение. Пигментите се распаѓаат со текот на времето, предизвикувајќи бојата да избледне, но полија конденсата може да ја задржи својата боја со децении бидејќи неговата боја е структурна. Кога истражувачите го испитувале примерокот кој бил собран во Гана во 1974 година, забележале дека е живописен како и секогаш.


Неговата мазна површина е рефлектирачка исто како огледало. Веднаш под површината се наоѓаат повеќе слоеви од целулозни влакна. Овие слоеви рефлектираат тесна бранова должина на светлината, а секој слој е малку ротиран како спирала. Кога светлината ќе го погоди горниот слој, дел се рефлектира, а дел поминува. Оваа светлината потоа се филтрира низ преостанатите слоеви, како сито.

Интересно е тоа што овие сјајни бобинки не се јадат бидејќи се тврди како лушпа и се полни со семиња. Ова е причината што тие се толку издржливи и ја задржуваат својата форма со години.



Извор: Mymodernmet.com