ДЗС: Просечната нето-плата за ноември е 45.961 денар

ДЗС: Просечната нето-плата за ноември е 45.961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2025 година изнесува 45.961 денар.

Во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за 16,5 %, дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3,5 %, административни и помошни услужни дејности за 2,2 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,2 %.