Cuspis Solutions вработува ASP.NET Developer

Cuspis Solutions вработува ASP.NET Developer

Се бараaт ASP.NET програмери за работа, со или без работно искуство.

Отворени се неколку позиции.

Меѓународна софтверска компанија распространета во повеќе држави, која успешно опстојува на пазарот на трудот повеќе од 14 години, поради зголемување на обемот на работа, има потреба од проширување на програмерскиот иновативен тим во Р. Македонија.

Работната позиција нуди стекнување нови знаења, но и постојано усовршување на веќе постојните поради разноликоста на барањата што се поставуваат од страна на корисниците.

Она што го нудиме е пријатна атмосфера за работа со „кул” колеги кои ќе ви помогнат да ја започнете или надградите својата кариера токму кај нас.

За студентите што немаат дипломирано, нудиме флексибилно работно време, бенефит преку кој ќе можат истовремено да ги довршат своите студии и да стекнат работно искуство, секако, многу важно за добар почеток на својата професионална кариера.


Потребно познавање:
• ASP.NET WebForms/MVC
• C#
• MS SQL
• HTML
• CSS
• Javascript
• JQuery
• JSON
• Web Services
• HTML5
* како предност ќе се смета познавање на DevExpress / Core




Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција, пратете своја биографија во PDF-формат на следнава e-адреса: office-mk@cuspis.com

Потребни ни се неколку програмери, аплицирајте!