Откриено лицето на Џек Мевосек со вештачка интелигенција

Откриено лицето на Џек Мевосек со вештачка интелигенција

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Благодарение на вештачката интелигенција, откриено е како изгледал Џек Мевосек - најпознатиот сериски убиец во историјата.

Џеф Лихи, долгогодишен истражувач на криминалот, користел софтвер наречен „Мидџорни“ и фотографии од роднината на осомничениот, Арон Космински, за да создаде слика на неговото лице. Космински, инаку бербер со полско потекло кој работел во Ист Енд во Лондон, бил осомничен за убиствата на проститутки што ги извршил Џек Мевосек кон крајот на деветнаесеттиот век.

Експертите проценуваат дека тој е всушност Џек Мевосек, иако неговата вина никогаш не е докажана. Откритието ја претставува првата слика создадена со помош на вештачка интелигенција од лицето на еден од најозлогласените сериски убијци во историјата.

Извор: 24sedam.rs

Фото: X/NewYorkPost