Писмо што го напишала кралицата Елизабета кога била дете е понудено на аукција
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Писмото што кралица Елизабета Втора го напишала како дете ќе биде понудено на аукција во Пеншерст, на југоистокот на Англија, а се очекува да достигне цена од околу 4.680 евра.
Писмото, упатено до Беатрис Стилмен, главната домашна помошничка во Ројал Лоџ во Виндзор, содржи цртежи на кучиња, коњи и деца, како и прашање дали птиците се добро и дали златните риби не умреле.
Писмото било напишано додека Елизабета престојувала во Пра Сендс во Корнвол, помеѓу 1936 и 1940 година, кога имала околу 10 години.
Џастин Метјуз, од аукциската куќа која ќе го продава писмото во Пеншерст, изјави дека за 27 години работа никогаш не видел нешто толку убаво.
Писмото, кое ќе биде понудено за продажба на 27 февруари, го споменува и цвеќето што кралицата го собрала и замолила да се подели со персоналот во Ројал Лоџ.
Документот е едно од неколкуте писма пронајдени и адресирани до Беатрис Стилмен, поранешната главна домашна помошничка во Ројал Лоџ.
Во друго писмо, принцезата Маргарет ја замолила Стилмен да го чува нејзиниот костим за капење.
По воздушниот напад во 1940 година, во кој загинал Џон Дикер, зетот на Стилмен, британска кралица ја повикала неговата вдовица, сестрата Стилмен и нивните две ќерки, Рене и Џин, да си играат со принцезите во Ројал Лоџ.
Архивата со писма е пронајдена во 2024 година од Вилијам Вестакот, син на Џин Дикер, во куфер под креветот на мајка му по нејзината смрт. Тој изјави дека неговата тетка Рене со радост се сеќавала на средбата со кралското семејство и играта во големата куќа во градината на Ројал Лоџ.
- Знаевме дека постојат писмата, но нивното читање во живо беше посебна возбуда - изјавил Вилијам.
Извор:
021.rs
Фото: Screenshot (Youtube/Mark 1333)