Сега е уште полесна замената на ајфон со андроид-телефон и обратно – прочитајте како
„Епл“ и „Гугл“ работат заедно за да го олеснат преносот на податоци помеѓу ајфон и андроид-телефоните.
Веста за партнерството првпат се појави во декември. „Гугл“ ги вклучи првите плодови од соработката со објавувањето на експерименталната програма „Андроид Канари“.
Потоа „Епл“ ја објави првата бета-верзија на оперативниот систем „иОС 26.3“, која вклучуваше алатка за пренос. Сега овие функции се достапни за сите. Еве како да ги реализирате.
Откако ќе го ажурирате вашиот ајфон на „иОС 26.3“,, можете да отворите: Поставки/Setting > Општо/General и да скролате надолу до Пренеси/Transfer или Ресетирај го ајфон/Reset iPhone.
Изберете ја таа опција. Ќе се појави прозорец со упатства за поставување на вашиот ајфон покрај вашиот андроид за пренос на фотографии, пораки и апликации, меѓу другите податоци. Здравствените податоци, уредите спарени со блутут и заштитените ставки нема да можат да се пренесат.
Двата уреди треба да се ажурирани на најновите верзии на нивните оперативни системи, да се поврзани со безжичен интернет и да имаат вклучен блутут. Од „Епл“ велат дека андроидот треба да биде во „процес на поставување“, што значи дека веројатно нема да можете да ја користите оваа функција ако паметниот телефон е веќе поставен.

Потоа, вашиот ајфон ќе ве замоли да го скенирате QR-кодот што треба да се појави на андроидот. Алтернативно, ќе можете да изберете: Други опции/Other Options на ајфонот за да ги внесете ID и кодот за спарување што треба да се појават на андроидот.
Потоа, треба да можете да ги изберете податоците што сакате да ги пренесете, вклучувајќи фотографии, контакти, календари, историја на повици и пораки. Откако ќе завршите, изберете Продолжи/Continue, а потоа изберете пренос на еСИМ/eSIM, доколку е применливо. Ќе треба да кликнете двапати на страната на вашиот ајфон кога ќе бидете замолени да го завршите преносот на еСИМ.
Ова функционира и на друг начин, иако од „Епл“ велат дека сè уште треба да ја користите апликацијата „Префрли на иОС/Move to iOS“ на андроидот - барем додека „Гугл“ не постави сличен протокол на својата страница.
Извор: tportal.hr
Фото: Freepik