Уметник создава портрети кои се менуваат додека се движите околу нив

Уметник создава портрети кои се менуваат додека се движите околу нив

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите оптички илузии се фасцинантни, но особено се неверојатни кога во илузијата се вклучени човечки лица и тие се насликани реалистично.

Уметникот Серги Каденас прави реалистични портрети како никој на светот. Неговите слики спојуваат два портрета кои се видливи од различен агол. Така, од десната страна на сликата гледате еден портрет, а од левата страна се гледа друго лице.



На некои слики Каденас направил комбинација од млада и стара верзија од лицето на иста личност, како во случајот во продолжение.



Одличен начин да се видат двете страни од истата слика е со користење огледало, како во продолжение.



Каденас е самоук и почнал да слика кога имал 30 години. Тој живее во мало село во Каталонија, Шпанија, а модели му се пријателите, соседите и роднините. Потребен му е околу еден месец за да направи една слика.



Автор: Ени Рено
Извор: upworthy.com
Фото: Принтскрин/Instagram