Оваа земја сакаше 69-часовна работна недела, но милениумците и генерацијата З ѝ ги променија плановите

Оваа земја сакаше 69-часовна работна недела, но милениумците и генерацијата З ѝ ги променија плановите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пократки работни недели за да се зајакне менталното здравје и продуктивноста на вработените може да се причини да се преселите во друга земја, но се чини дека оваа земја немаше баш такви планови.

Јужнокорејската Влада оваа недела беше принудена да го преиспита планот со кој би се зголемило ограничувањето на работните часови на 69 часа неделно, од сегашната граница до 52, предизвикувајќи бурни реакции кај работниците милениумци и генерацијата З.

Работниците во источноазиската моќна економија веќе имаат најдолги работни часови светот, рангирајќи се на 4. место зад Мексико, Костарика и Чиле во 2021 година, според истражувањата на ОЕЦД, и се смета дека смртта од прекувремената работа (гвароса) убива голем број луѓе секоја година.

Сепак, Владата го поддржа планот за зголемување на ограничувањето по притисокот од бизнис-групите кои бараа зголемување на продуктивноста, сè до моментот кога наиде на бурно противење од помладата генерација и синдикатите.

Високиот секретар Јун Сук Јеол во средата изјави дека Владата ќе заземе нова насока откако ќе го сослуша јавното мислење и рече дека Владата е посветена да ги штити правата и интересите на милениумците, генерацијата З и работниците што не се дел од синдикатот.

Подигнувањето на границата се сметаше за начин за справување со недостигот на работна сила со кој се соочува земјата поради нејзината намалена стапка на плодност, која е најниска во светот, како и стареењето на населението.

koreja
Фото: Freepik

Но, овој потег не беше прифатен од критичарите кои тврдеа дека зголемувањето на границата на работните часови само ќе ги влоши работите.

Дури во 2018 година, поради популарната побарувачка, земјата ја намали границата од 68 часа неделно на сегашните 52 - потег што во тоа време доби огромна поддршка во Националното собрание. Сегашниот закон ја ограничува работната недела на 40 часа плус 12 часа компензирана прекувремена работа иако критичарите велат дека работниците се наоѓаат под притисок да работат подолго.

- Предлогот нема никаква смисла и е далеку од она што го сакаат работниците. Мојот татко работи прекувремено секоја недела, така што за него не постои граница помеѓу работата и животот. За жал, ова е вообичаено кај работната сила. Трудовиот инспекторат не може да го следи секое работно место 24/7. Јужнокорејскиот народ ќе остане ранлив на смртоносната прекувремена работа - вели 25-годишниот студент Јунг Јунсик.

Според ОЕЦД, Јужнокорејците работеле во просек 1.915 часа во 2021 година, што е далеку над просекот на ОЕЦД од 1.716 и американскиот просек од 1.767 часа.

- Клучно е Владата и компаниите да се занимаваат со итни проблеми кои веќе влијаат врз животите на работниците. Не може да се занемари потребата за поддршка и здрава рамнотежа во работниот живот ако сакаме да обезбедиме благосостојба - изјави Хаеин Шим, портпаролка на феминистичката група „Хаил“.

Во 2017 година стотици луѓе починале поради прекумерна работа, според владините податоци. Дури и кога границата беше намалена на 52 часа, случаите на „гвароса“ продолжија да бидат на насловните страници. Во 2020 година синдикатите соопштија дека 14 работници починале поради прекумерна работа, жртвувајќи го своето ментално здравје и благосостојба за да ја одржат земјата во екот на ковид-пандемијата.

Извор: CNN
Фото: Freepik