Европски градови што изгледаат како да се излезени од филм на Вес Андерсон

Европски градови што изгледаат како да се излезени од филм на Вес Андерсон

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Речиси во сите филмови на Вес Андерсон ќе ги забележите истите детали - совршено центрирани кадри, пастелни палети на бои, винтиџ плакати и згради и улици со впечатлива симетрија.

Додека елементите во филмовите на Андерсон се претежно изградени на снимање, од пријатните розови нијанси на хотелот „Гранд Будимпешта“ до жолто обоените крајбрежни сцени на „Кралството на изгрејсонцето“, неговиот визуелен стил, исто така, се однесува на локации и од реалниот свет.

Постојат неколку историски градови низ Европа со естетски елементи што изгледаат како да се избрани за снимање на некое ремек-дело на Вес Андерсон.

Она што навистина ги одвојува овие градови од другите не се само боите и шармантните згради, туку хармонијата на сите елементи.

Ова се петте европски градови што изгледаат како да се излезени од филм на Вес Андерсон:

Карлови Вари, Чешка

Сместен во тесна долина покрај реката Тепла, спа-градот Карлови Вари изгледа како да е намерно уреден за филмска сцена. Редови пастелни куќи по ридови во уредни слоеви, со палета на бои во која Вес Андерсон веројатно би нашол инспирација. 

Прочида, Италија

Сместен во Неаполскиот Залив, овој вулкански островски град е во основа направен како по мерка за филм на Вес Андерсон. Наредени куќи во нежни розови, жолти и сини нијанси, се издигаат над пристаништето во суптилни слоеви, создавајќи весела хармонија што беспрекорно ја одразува препознатливата естетика на „измислената реалност“ на режисерот. Пристаништето  Коричела, кое е постојано застапено на разгледници, е особено фасцинантно. Улиците се толку тесни што автомобилите не се дозволени.

Ментон, Франција

Сместен помеѓу планините и Медитеранот, крајбрежниот град Ментон има живописен шарм што е достоен за сценографија. Во неговиот стар дел доминираат низа жолти и портокалови тонови, создавајќи слоевита заднина што потсетува на уметнички наредените палети на бои видени во филмовите на Вес Андерсон. 


Лисабон, Португалија

Изграден преку седум рида со поглед на реката Тахо, Лисабон ги спојува историјата и бојата на начин што ве тера да се чувствувате како да сте главниот лик во филм на Андерсон, без разлика на која страна ќе се свртите. Пастелните згради, шарените плочки што асоцираат на Португалија и живописните жолти трамваи создаваат визуелни елементи што ги отсликуваат моментите од делата на Вес Андерсон. 


Герлиц, Германија

На источниот крај на Германија, историскиот град Герлиц стои како жива временска капсула, каде што различни епохи се спојуваат во една, пешачка средина. Во улиците се наоѓаат градски куќи од ренесансата со барокни екстериери, заедно со декоративни излози кои придонесуваат за визуелениот ред и архитектонски карактер што често се застапени во филмовите на Вес Андерсон. 

Извор: mentalfloss.com

Фото: Freepik