Ова се најобразованите земји во светот за 2026 година

Ова се најобразованите земји во светот за 2026 година

Најобразованите земји во светот вложуваат значителни средства во истражување со цел да поттикнат иновации во науката, медицината, технологијата, финансиите и инженерството. Истовремено, тие го направија образовниот систем високо достапен, при што најмалку 51 отсто од населението има завршено високо образование.

Подолу се најобразованите земји во светот, според листата на „Индијатајмс“:

Канада


Канада е најобразована земја во светот. Нејзините јавни институции се управувани од провинциите и финансирани од државата.

Граѓаните имаат пристап до квалитетно образование, што резултира со тоа дури 65 отсто од возрасната популација да има високо образование. Владата ги поттикнува стручните вештини и применетото образование. Канадските универзитети се водечки во областа на науката, вештачката интелигенција, инженерството и здравството.

Ирска

Ирска стана една од најобразованите земји благодарение на децениски инвестиции во образованието. Успешно го усогласи образовниот систем со потребите на пазарот. Околу 58 отсто од населението има високо образование, што придонесува за успех во секторите како финансии, фармација и технологија.

Јапонија

Јапонија не е само технолошка сила, туку и образовна. Особено се истакнува во инженерството, науката и математиката, клучни области за нејзината индустрија. Овој успех е резултат на долгогодишна дисциплина и посветеност кон образованието, со 57 отсто високообразовано население. Универзитетите значително придонесуваат во развојот на електрониката и роботиката.

Јужна Кореја

Образовните институции се еден од темелите на економскиот развој на Јужна Кореја. Земјата бележи силен напредок во науката и технологијата. Младите се сè понасочени кон високо образование, а стапката на високообразовани изнесува 56 отсто.

Обединето Кралство

Обединетото Кралство е познато по своите престижни универзитети во светот. Земјата континуирано инвестира во образованието. Силни резултати бележи во науката, финансиите, креативните индустрии и хуманистичките науки. Околу 54 отсто од населението има високо образование.

Луксембург

Малата популација не е пречка за оваа земја. Луксембург се вбројува меѓу најобразованите благодарение на подготвеноста на граѓаните да учат и да придонесуваат во економијата. Стапката на високообразовани е 54 отсто, што е на исто ниво со Обединетото Кралство.

Австралија

Австралија располага со квалитетни високообразовни институции кои активно учествуваат во меѓународни истражувања и соработки. Се истакнува во области како рударство, инженерство, екологија и медицина. Стапката на високо образование изнесува 53 отсто, а земјата е популарна дестинација за странски студенти.

Шведска

Шведска силно се фокусира на унапредување на образованието. Преку своите институции спроведува истражувања во чиста енергија, технологија и животни науки. Образованието е бесплатно, што овозможува широк пристап. Околу 52 отсто од населението има високо образование.

САД

САД не случајно се меѓу најобразованите земји. Долгорочно инвестираат во истражување, иновации и развој на различни типови образовни институции. Се издвојуваат во науката, технологијата и медицината, со 51 отсто високообразовано население.

Израел

Израелските универзитети играат клучна улога во развојот на земјоделството, технологијата и сајбер-безбедноста. Образованието е еден од главните двигатели на економскиот и технолошкиот напредок на земјата. Израел има 51 отсто високообразовано население.

Извор: Tribuneonlineg.com
Фото: Freepik