Арбер Адеми нов министер, Дескоска си оди од образование

Арбер Адеми нов министер, Дескоска си оди од образование

Подготвил: В.И.И

Министерката за образование и наука Рената Дескоска го најави нејзиното заминување од ресорот.
На прес-конференцијата која тукушто заврши во скопската гимназија „Орце Николов“, таа најави дека ќе остане во Владата и ќе продолжи со заложбите за реформи на сите нивоа, не само во ресорот образование.



Не случајно до неа стоеше досегашниот заменик-министер Арбер Адеми, кој ќе ја замени на министерската фотелја.
- Јас да дадам изјава или мојот заменик - рече на шега Дескоска.
Таа нецела година е министерка за образование и наука и најави клучни реформи во овој сектор. Нејзиниот заменик, Адеми, е кадар на Демократската унија за интеграција.
Дескоска како министерка го презема ресорот правда.