Тамара Ќупева: Македонските ученици ја живеат четвртата индустриска револуција – каде гејмингот е начинот на креација и на комуникација

Тамара Ќупева: Македонските ученици ја живеат четвртата индустриска револуција – каде гејмингот е начинот на креација и на комуникација

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Во скопската гимназија „Орце Николов“ беше промовирана „Стратегијата за образованието 2018-2025“. Подготовката на документот целосно го финансираше Европската Унија

Додека ние зборуваме, на каналот „јутјуб“ денеска ќе бидат постирани повеќе од 2 милијарди видеа. Учениците едноставно имаат свој мултимедијален простор каде ја изразуваат својата креативност. Како нашиот национален образовен систем да му одвори на модерниот и современ ученик? – праша денеска во својот испиративен говор професорката по македонски јазик Тамара Ќупева од скопската гимназија „Орце Николов“, каде беше промовирана „Стратегијата за образованието 2018-2025“.
Усвојувањето на документот, чија подготовка целосно го финансираше Европската Унија, го промовираа Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУнија во Македонија и министерката за образование и наука во заминување Рената Дескоска.


Тамара Ќупева, професорка по македонски јазик

Ќупева се обрати пред полниот хол во гимназијата, не само во името на нејзините колеги, туку како дел од групата наставници и професори кои искрено и директно се вклучени во воспитно-образовниот процес.
- Ќе зборувам за нашата актуелна реалност и ни се случува сега. Нашите ученици ја живеат четвртата индустриска револуција – време на општа дигитализација, на вештачка интелигенција, каде гејмингот е начинот на креација и на комуникација, време во кое што 3Д принтерите и учењето на далечина сè повеќе го става училиштето на втор план. Многу е тешко ако решаваме од каде да се почне, каков е тој модул и пристап кој навистина ќе одговори на еден наш македонски ученик. А сигурна сум дека и ние и родителите, сите заедно треба за почнеме првенствено од глобалниот проблем – самите ученици живеат во тој глобализиран свет – рече Ќупева.

Учениците: ни треба интеракција, намалете ги предметите


Таа посети на последниот светски образовен форум, каде акцентот бил ставен токму на вештините кои треба да ги поседува еден ученик – комуникиација, иновативност, оригиналност, независност, индивидуаланост.
- Но, најмногу се зборуваше за неговиот основен столб – карактерот. Како образованието да го градои карактерот на едно дете. Имаме ученици кои се граѓани на светот. Како да им помогнеме да излезат надвор од овие четири ѕида? Потребни ни се уметности, посебен дел интегриран во образовниот систем. Потребно е училиште во кое ќе се негуваат здрави личности, каде учлилиштето нема да биде сервис на факти, туку тренинг на умот да мисли со своја глава. Ќе почитува, ќе се учи на разбирање, толеранција, на емпатија, на сè што може да го усреќи човештвото и да му даде некаков прогрес – рече Ќупева.


Ивана Минчева, потребен е акцент на личниот развој и моралните вредности на учениците

Од името на средношколците се обрати Ивона Минчева. Таа рече дека сите сме свесни за моменталната состојба, но и за сите напори да се смени образованието.
- На оговорните им се обраќам од името на сите ученици – што поскоро да се воведат реформите. Потребна ни е интерактивна настава, намалување на бројот на предмети, но и на бројот на ученици во паралелките. Ни треба акцент на личниот развој и на моралните вредности кај учениците – рече Минчева.

Домаќинот, Митко Димовски, директорот на „Орце Николов“ им се заблагодари на организаторите што решиле документот да го промовираат во ова училиште.
- Многу нешта можам да кажам од позиција на професор, што ни треба, а што ни недостига за поквалитетно образование. Ќе набројам три: мотивираноста на наставниците и учлениците за интеракција, промена на наставните програми за да фукционираат нештата, а не само формално да бидат олесенти и она што е директно поврзано со наставните програми – изготвување на нови учебници, кои треба да бидат квалитетни. И најважно, во онаа многу специфична возраст, адолесцентство, мора да направиме услови за учлениците да се члувствуваат тука како во свој втор дом – рече Димовски.

Самуел Жбогар: За програмата образование ќе алоцираме пари директно во буџетот

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, потенцира дека образованието е пресудно за развојот на една земја, на секое ниво. Им помага на децата да пораснат во одговорни граѓани, подготвени да се носат со предзивиците. Им помага на децата да ја развиваат индивидуалноста, но и чувство за заедноичко добро, да добијат квалификации кои ќе ги направат и компетентни и исполнителни.
- Последната проценка за квалитетот на образованието ја рангираа земјата на дното на листата од 70 земји. Тоа сите треба да не загрижи. Затоа стратегијата треба да биде главна алатка за надминување на собраните проблеми во сите области на образованието. Квалитетното образование пред сè бара инвестирање во наставниците. Бара и наставни планови релевентни за пазарот на трудот, не само локално, туку и на меѓународно ниво – рече Жбогар.


Самуел Жбогар, ЕУ ќе извои специјален фонд за образованието за идната година

Тој соопшти добра вест - ИПА фондовите директно ќе ги поддржат новите програми на МОН и на Министерството за тренаспорт и врски.
- За програмата образование ќе алоцираме фондови директно во буџетот за 2019 година, бидејќи на образованието гледаме како на универзална, моќна движечка сила за развој на поединците и опшштествеото – рече Жбогар.

Рената Дескоска потенцира дека крајна цел на стратегијата е инвестирање во учениците, во студентите, во млади интегрирани поединци кои ќе бидат слободни во изразувањето на автентичноста, оригиналноста, идентитетот и креативноста.


Рената Дескоска: човечкиот фактор е најдрагоцениот елемент во образовниот процес

- Тоа е можно само преку развивање на една образовна заедница. Човечкиот фактоор е најдрагоцениот елемент во образовниот процес – наставниците, директорите, педагозите, психолозите па и родителите. Сите имаат исклучително важна улога во насочувањето и водењето на учлениците низ процесот на учење. Со оваа стратегија го трасиравме патот за современо, квалитетно, достапно, интегрирано образование – рече Дескоска.